Пред нас е ново
коло од Серија А, но никако од центарот на вниманието да излезе дуелот помеѓу
Јувентус и Интер.
Најпрво тренерот
на „Нероаѕурите“, Стефано Пиоли обвини дека не им биле досудени два пенали, па
потоа ТВ каналот на Интер објави видео од спорен момент во кое Рицоли не му
дозволи на Икарди да постигне гол.
Потоа следуваше и
суспензија од по два натпревари за Иван Перишиќ и Мауро Икарди, за сега од
кампот на Марсело Брозовиќ да обвинат дека Миралем Пјаниќ е виновен за
повредата на Хрватот.
Фудбалерот од
средниот ред има фрактура на прстот поради која одредено време ќе биде надвор
од терените.
„Разговарав со
Марсело по крајот на натпреварот” – вели агентот на играчот за медиумите од Хрватска.
„Ми кажа дека го
напуштил теренот поради повреда. Пјаниќ во два наврати го нагазнал, еднаш во
првото полувреме и еднаш во второто”.
„Тоа е причината
за фрактурата на прстот”.