Младата ѕвезда на Барса „полуде“ кога дозна дека е повикан за Мундијалот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Гави на емотивен начин ја прослави веста дека повторно ќе го носи дресот на Шпанија на Светското првенство. Младиот фудбалер на Барселона во живо го следеше објавувањето на списокот на Луис де ла Фуенте и до последен момент не знаеше дали ќе биде меѓу повиканите за Мундијалот.

Кога селекторот го прочита неговото име, Гави веднаш реагираше со огромна радост и воодушевување, јасно покажувајќи колку му значи враќањето во националниот тим и настапот на најголемата светска сцена.

Видеото од неговата реакција брзо се прошири на социјалните мрежи, а навивачите беа воодушевени од искрените емоции на фудбалерот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×