Алегри доби отказ во Милан!

by Стефан
1 минути читање

По катастрофалниот крај на сезоната, Милан денеска повлече радикални потези и официјално се раздели со тренерот Масимилијано Алегри, генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Жофри Монкада.

Од „росонерите“ посочија дека главната цел сезонава била враќање во Лигата на шампионите, а клубот тоа не го исполни.

„Во најголемиот дел од сезоната бевме меѓу водечките екипи и во трка за Скудетото, но завршницата беше далеку под нивото кое го покажувавме. Поразот во последното коло само го потврди неуспехот“, стои во клупското соопштение.

Од Милан потенцираат дека следува целосна реконструкција на фудбалскиот сектор, а новите луѓе кои ќе ги преземат клучните функции ќе бидат објавени наскоро.

Сезоната тимот ја заврши на петтата позиција, откако во последното коло загуби од Каљари со 2-1. Денеска претходно и Наполи потврди дека се разделува со тренерот Антонио Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×