Челси остана без Мартинез, Аргентинецот по жесток дуел заработи тешка повреда (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Голманот на Челси, Емилијано Мартинез, доживеа незгодна повреда по жестокиот дуел со дефанзивецот на Евертон, Џерaд Брантвајт.

Според снимката, двајцата фудбалери се судриле со главите, по што мораше да интервенира медицинскиот тим. Брантвајт, по укажаната помош, успеа да го продолжи натпреварот, но ситуацијата со аргентинскиот голман беше значително посериозна.

Засега нема официјални информации за видот и тежината на повредата на Мартинез. Сепак, фактот што прекинот траеше околу седум минути, а голманот на крајот беше изнесен од теренот на носилки, предизвикува загриженост.

На негово место во игра влезе белгискиот голман Пендерс, за кого ова е деби во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×