Челси со 2-0 го победи Евертон на Гудисон Парк, триумфот беше во сенка на повредата на голманот Емилијано Мартинез кој на носилки беше изнесен од теренот.
Во првото полувреме немаше голови, но по само неколку секунди игра во вториот дел Нето му донесе водство на Челси од 1-0.
Околу 65. минута се случи повредата на Мартинез. Голманот на Челси се судри со Брентвајт, удар со главите беше тоа, подебелиот крај го извлече Аргентинецот. Фудбалерот на Евертон го продолжи мечот, а врз Мартинез се вршеше долга медицинска интервенција, на крајот со носилки беше изваден од теренот.
EMI MARTINEZ HEAD COLLISION WITH BRAITHWAITE!! https://t.co/PQaLrdPxa5
— TopCee (@UtdTopCee) October 17, 2026
Во текот на денот се очекува да се знае колку е тешка повредата на Мартинез и дали тој ќе треба да паузира извесно време.
Нето го даде и вториот гол за Челси, погоди во 90. минута поставувајќи ги конечните 0-2.