Кратовскиот тим ја прекина серијата од шест натпревар без победа, момците на Васоски освоија три бода од гостувањето кај Башкими каде победија со убедливи 3-0.
Силекс пред овој натпревар беше во криза, никако не можеше да победи, но на таа лоша серија ѝ дојде крајот
Резултатот беше отворен уште во 13. минута кога Шеро погоди од непосредна близина за водство на Силекс од 1-0.
По само три минути игра во второто полувреме Ефтимов постигна прекрасен гол за предност на Силекс од 2-0.
Башкими се обиде да се врати во натпреварот, а во 77. минута успеа да ја затресе мрежата преку Рибеиро. Сепак, радоста на домашните беше краткотрајна, бидејќи погодокот беше поништен поради офсајд во почетната фаза од акцијата.
Сите дилеми околу победникот ги разреши Александар Мишов. По акција од десната страна, напаѓачот сам си создаде простор за удар и со левата нога го совлада Алиу, поставувајќи ги конечните 0:3.