„Граѓаните“ ја забележа и седмата победа на исто толку натпревари во Премиерлигата, попладнево Манчестер Сити со 3-2 славеше против Ипсвич.
Изминатиов период, топ тема на „островото“ е пресудата со која Манчестер Сити беше прогласен за виновен по сите обвиненија за прекршување на правилата за финансиски период, клубот од „Етихад“ ги пумпал спонзорските договори и вештачки ги зголемил своите приходи за неверојатни 900+ милиони фунти.
И додека ривалите бараат строга казна, дури и исфрлање од Премиерлигата, „граѓаните“ продолжуваат да газат, попладнево го совладаа Ипсвич со 3-2 за седум од седум.
Фоден го отвори резултатот, Маеда веднаш изендачи, но Халанд се погржи на полувреме да се замине со 2-1. Норвежанецот потоа зголеми на 3-1 во 69. минута, за ггостите во финишот само да го ублажат поразот со голот на Флеминг од пенал.
Па Енцо Мареска испиша историја и стана првиот тренер што остварил седум победи на првите седум натпревари во Премиерлигата на кормилото на еден тим.
На останатите натпревари од 16 часот, Ливерпул со пресврт во вторито дел славеше со 1-2 на гостувањето кај Брентфорд, а Алваро Арбело ја забележа првата победа како тренер на Фулам, со 1-0 беше совладан Хал.
ФОТО: X/Manchester City