Познати детали околу повредата на Меси на три седмици пред Мундијалот

by 24 фудбал
1 минути читање

Аргентинските навивачи добија добри вести околу состојбата на Лионел Меси, откако првичните прегледи покажале дека повредата која ја заработи на натпреварот на Интер Мајами не е сериозна.

Меси поради повреда предвреме го напушти теренот на последниот меч на американскиот клуб, што веднаш предизвика загриженост во Аргентина пред почетокот на Светското првенство.

Од Интер Мајами соопштија дека станува збор за истегнување на левиот бутен мускул, а неговото враќање ќе зависи од процесот на рехабилитација.

Според аргентинските медиуми, меѓу кои и „Ла Насион“, се очекува капитенот на Аргентина да паузира околу десет дена, што значи дека би требало навреме да биде подготвен за настап на Мундијалот. Светското првенство стартува на 11 јуни, додека Аргентина првиот натпревар го игра на 17 јуни против Алжир, па Меси има доволно време за целосно закрепнување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×