Рајс не можеше да се опушти во славјето, му ја уловија реакцијата кога дозна дека Вест Хем испадна од лигата (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Деклан Рајс не можеше целосно да се радува на шампионската титула со Арсенал, затоа што во исто време неговиот поранешен клуб Вест Хем испадна од Премиер лигата. „Топчиите“ со победата од 2-1 против Кристал Палас ја потврдија титулата, но англискиот репрезентативец пред церемонијата за доделување на пехарот внимателно ги следеше резултатите од останатите натпревари.

Камерите го уловија Рајс како нервозно чека информации за исходот на битката за опстанок. Иако Вест Хем убедливо славеше со 3-0 против Лидс, победата на Тотенхем над Евертон значеше дека „чеканите“ се селат во Чемпионшип.

По потврдата за испаѓањето, Рајс видливо разочарано реагираше, а со аплауз и гестикулации ја покажа емоцијата кон клубот во кој израсна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×