648
Голем број на извори пренесуваат дека Манчестер јунајтед си подал рака со Аталанта за ангажман на Едерсон во зделка вредна околу 50 милиони евра.
„Ѓаволите“ планираат ова лето да донесат барем две засилувања за средниот ред, и се чини дека за првото работата е завршена.
Голем број на извори попладнево објавија дека Манчестер јунајтед си подал рака со Аталанта за трансфер на Едерсон.
Се шпекулира за зделка вредна околу 50 милиони евра, односно 45 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.
Спортигалија пак додава дека сумата е нешто повисока, односно 48 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 5 милиони евра во бонуси.