711
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид повторно ќе тргне по Давид Де Геа, подготвени се да ја активираат откупната клаузула која изнесува 65 милиони евра.
Но дали во договорот на Де Геа со Манчестер јунајтед воопшто постои откупна клаузула?
„Тајмс“ тврди дека нема откупна клаузула. Англискиот весник пишува дека Јунајтед ќе го одбие секој напад на Реал Мадрид за Де Геа и нема да го продаде голманот за ниту една сума.
„Никој не знае што носи иднината. Но многу сум среќен тука, ова е голем клуб. Нема да зборувам за Реал Мадрид, нема да зборувам повторно на таа тема. Останувам комплетно фокусиран на мојот клуб“ – вели Де Геа околу последните шпекулации.