Интер поднесе жалба за суспензиите на Икарди и Перишиќ

by
0 минути читање

Интер го загуби контроверзното дерби против Јувентус, дополнително ги загуби Перишиќ и Икарди за следните два меча поради суспензии.

Перишиќ доби втор жолт картон во финишот од мечот, а Икарди заработи суспензија откако упати еден шут кон судијата Рицоли по завршувањето на натпреварот.

Двајцата беа казнети со по два натпревари суспензија, а Интер одлучи да ја обжали ваквата одлука.

„Интер може да потврди дека поднесе жалби за дисциплинските санкции против Мауро Икарди и Иван Перишќ“ – стои во соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани