15
Душан Влаховиќ би можел летово да го напушти Јувентус и кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. Преговорите за нов договор меѓу српскиот напаѓач и торинскиот гигант подолго време се во застој, па сѐ погласни се најавите за разделба.
Според британските медиуми, Тотнем внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен да реагира доколку Јувентус го стави Влаховиќ на трансфер листата.
Премиер лигата не е нова опција за српскиот репрезентативец, чие име во минатото се поврзуваше и со Арсенал и Манчестер Сити. Сепак, засега најконкретен интерес покажува Тотнем.