57
По одличните настапи оваа сезона, Црвена звезда на македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров му даде нов договор со трајност до 2031 година.
Претходниот договор на Гаштаров истекуваше во 2029 година, но по одличните настапи тој си заработи подолг и финансиски подобар договор.
Гаштаров откако ги помина младинските категории на Металург и Вардар, се пресели во академијата на Црвена звезда. Вистинска шанса во првиот тим доби со доаѓањето на Риера.
Откако го доби местото во првиот тим на Црвена звезда, стана и сениорски репрезентативец на Македонија.