Поради физички напад врз тренерите и закани со пиштол кон играчите и стручниот штаб, Беласица одлучи да не го одигра дуелот во Сингелиќ против Локомотива. Случајот го пријавија во полиција.
Комисијата за натпревари при ФФМ денеска донесе чудна одлука. Мечот го регистрира со службена победа за Локомотива бидејќи фудбалерите на Беласица не се појавиле на теренот, но вооедно и го суспендира теренот.
„Натпреварот не се одигра, зашто гостинската екипа не се појави на теренот во закажаниот термин од 14.00 часот, откако претходно пријави инцидент пред почнувањето на мечот (физички напад на двајца тренери). Судиите навремено дадоа знак за почеток на мечот, за кој од страна на домаќинот беа исполнети сите услови“, се вели во соопштението.
Се поставува прашањето ако се суспендира теренот, како е можно да имало услови за игра на истиот!? Одлуката за служебени бодови за Локомотива, со одлуката за суспензија на теренот се коси една со друга.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.