Анри со брутална порака до Кејн: Јас да сум на твое место, нема да можам да спијам навечер

by
1 минути читање

По елиминацијата
од Милан во Лигата на шампионите, Тотнем и оваа сезона ќе ја заврши без трофеј
и ова повторно ја отвори дебатата за иднината на Хари Кејн, кој важи за еден од
најдобрите голгетери во Премиерлигата и Европа, но никако да се израдува на
успех во Северен Лондон.

„Доколку бев на
негово место, ќе си заминев“
– вели легендата на Арсенал, Тјери Анри.

„Негово е да
одлучи каде ќе се пресели, но мислам дека мора да направи трансфер. Играч како
него, играч од таков калибар, на крајот од кариерата не смее да зборува само за
тоа колку голови има постигнато. Доколку бев на негово место, немаше да можам
да спијам навечер доколку треба да зборувам само за тоа колку голови сум
постигнал“.

„Видете, тој има
постигнато многу и имам голема почит кон него, сметам дека е извонреден. Но
доколку головите се единствената работа со која можете да се пофалите на крајот
од кариерата, тое е навистина тешко за мене“.

Хари Кејн е под
договор со Тотнем до јуни 2024 и се очекува летоска неколку клубови да тропнат
на неговата врата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×