102
Месут Озил има уште 18 месеци од актуелниот договор со Арсенал и се уште е нејасно дали ќе замине од клубот или ќе стави потпис на нов договор.
Интерес за Озил има од повеќе големи клубови, а Балак смета дека Баерн Минхен е вистинското место каде тој треба да се пресели.
„Доколку Озил сака да освои голем трофеј, поголема шанса тоа да го направи ќе има во Баерн“ – смета Михаел Балак.
Во последните години за Арсенал стана традиција пласманот меѓу најдобрите четири екипи во Премиерлигата без притоа да се борат за титулата. Клубот од Северен Лондон е далеку и од трофејот во Лигата на шампионите.