Договорот на Лаео со Милан истекува во јуни 2024 година и доколку тој не потпише продолжување на соработката, големи се шансите да направи трансфер во престојното лето.
„Газета дело Спорт“ тврди дека пред еден месец Мендеш му го нудел Леао на Реал Мадрид, но шпанскиот гигант немал намера да испрати голема понуда за 23-годишниот фудбалер бидејќи на таа позиција веќе го има Винисиус.
Преговорите не ни започнале, бидејќи од страната на Реал Мадрид немало интерес за ангажман на Леао.
Иако и од таборот на Леао и од раководството на Милан стигнуваат позитивни изјави за продолжување на договорот, сепак досега тој не е потпишан, поради што се јавува сомнеж дека воопшто ќе биде потпишан.
Се верува дека Челси и Манчестер Сити ја следат ситуацијата на Леао и се подготвени да испратат понуди за фудбалерот на Милан.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.