Победата над Јунајтед го направи сонот на Ливерпул за топ четири многу реален

by
1 минути читање

Ова не е само обична победа, тоа е триумф кој носи самодоверба за подобри резултати до крајот на сезоната, а за Манчестер јунајтед може да биде удар кој ќе им ја разниша добрата форма во која беа пред гостувањето кај Енфилд.

Тоа што е најважно за Ливерпул, клубот е многу блиску до четвртото место кое води во Лигата на шампионите и сега се во позиција работите да зависат само од нив.

Ливерпул е на петтото место со 42 бода, пред нив е Тотнем со 45, но тимот на Конте има натпревар повеќе и послаба гол разлика, па се е во рацете на тимот на Конте.

Пред неколку кола пласманот за Ливерпул во топ четири изгледаше само како сон, но црвените во меѓувреме влегоа во добра форма која кулминираше со историскиот перформанс против Манчестер јунајтед и пласманот во ЛШ веќе не е сон, туку реалност.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×