Јувентус беше во одлична форма, но го загуби синоќешниот меч на Олимпико против Рома со 1-0.
Моисе Кин кој не игра многу во последно време, во игра влезе во самиот финиш, во 89. минута и првото нешто и единствено што го направи беше црвениот картон.
„Кин погреши, направи грешка. Се извини, но беше погрешно. Мора да учиме од овие работи. Кога ќе влезете на теренот можете да влијаете на резултатот“, вели Алегри.
„Можеби тој беше нервозен затоа што не игра многу, но со своето однесување му наштети на тимот“.
„Што се однесува до мечот, знаевме дека ќе биде тешко. Рома немаше примено гол на пет домашни натпревари по ред. Тие дадоа гол од далечина преку Манчини и тоа беше тоа. Ние направивме клучни грешки во неколку ситуации, без разлика што имавме некои чисти шанси“.
„Рома сака да игра вакви натпревари. Ние требаше да дадеме гол, требаше да реагираме подобро во некои ситуации“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.