Дибала откри дека Јувентус има рок до април да го исплати долгот и порача: Не сакам да го тужам, но….

by
1 минути читање

„Старата дама“ е
под истрага за финансиски малверзации, под лупа е договорот фудбалерите да се
откажат од четири месечни плати во екот на ковид-19 пандемијата.

Фудбалерите
всушност се откажале само од една плата, а за остантите три плати биле
потпишани приватни договор. Медиумите од Италија сега откриваат дел од
разговорот на Пауло Дибала со истражителите.

„Не знам кога беше
последната исплата, но Јувентус се уште ми должи пари. Според договорот кој го
имавме, ако продолжам во Јувентус, ќе добивам повеќе пари во месеците кои
следуваа, но доколку заминам, мораат целата сума да ја исплатат одеднаш
“ –
открил напѓаачот, кој минатото лето се пресели во Рома.

„Јувентус има рок
до април 2023 година да го исплати долгот. Доколку не го стори тоа, моите
адвокати ќе им испратат писмен допис, но преферирам ова сценарио да биде
избегнато. Не сакам да го тужам Јувентус“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×