Рашфорд открива: Ван Гал ме казнуваше секој четврток!

by
1 минути читање

Маркус Рашфорд веројатно
цел живот ќе му биде благодарен на Луј ван Гал, Холанѓанецот му даде шанса на
Англичанецот со 18 години да дебитира во првиот тим на Манчестер јунајтед.

Но соработката не
била едноставна, Маркус Рашфорд бил ставен во практично невозможна ситуација и
секоја недела бил казнуван.

„Добро ги паметев
четвртоците. Секој четврток добивав казна. Иако ситуацијата беше надвор од моја
контрола, едноставно таков тип на човек беше Ван Гал“
– раскажува напаѓачот.

„Ми кажуваше како
морам да ги завршам сите работи на училиште, и за ова немаше преговори, никакви
отстапки. Во исто време ми велеше дека не смеам да задоцнам на тренинг, и тука
немаше отстапки. Имав 12 минути да стигнам од училиштето до тренинг центарот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×