Бензема се налути поради тоа што Меси ја доби наградата за најдобар (ФОТО)

by
1 минути читање

Французинот игра фантастично во дресот на „кралскиот клуб“, ја доби Златната топка на „Франс фудбал“, а заедно со Меси и Килијан Мбапе беше еден од главните кандидати за престижната награда „Бест“, која ФИФА ја доделува врз основа на гласовите на селекторите и капитените на националните тимови . Бензема не присуствуваше на свечената церемонија во Париз, а ден подоцна, Бензема го изрази своето незадоволство објавувајќи серија стории на Инстаграм.

Прво, тој објави заедничка слика со Винисиус Жуниор со натпис „Ѕверови (The Beasts) “, и на тој начин си поигра со името на наградата која ја доделува ФИФА (The Best). Со ова тој алудираше на одлуката на ФИФА да не го стави бразилскиот напаѓач во тимот на сезоната. Потоа, сподели објава во која ги истакнува сите негови достигнувања во изминатата година. Заедно со низата лични награди, меѓу кои Златната топка, титулата најдобар фудбалер во Европа, МВП на Лигата на шампионите, титулата најдобар играч на шпанското првенство, Бензема потсети и на тимските успеси. Ја освои Лигата на нации, Лигата на шампионите, Ла Лига, Светското клупско првенство во кои постигна 63 гола и 21 асистенција.

Потоа објави фотографија на која позира со порака: „Добра ноќ“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×