194
Германската фудбалска легенда, Јирген Клинсман стави потпис на договор со Јужна Кореја до 2026 година. Тој треба да ја однесе селекцијата и да ја води на Светското првенство 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Ова ќе биде трето селекторско искуство на Клинсман, претходно беше селектор на Германија од 2004 до 2006, и на САД од 2011 до 2016.
Германецот на селекторската позиција во Јужна Кореја доаѓа на местото од Пауло Бенто кој си замина по поразот од Бразил на СП во Катар.