Но, можеби уште поважно за навивачите на Милан е враќањето на голманот, Мајк Мањан кој првпат беше меѓу стативите по паузата поради повреда.
Резултатот беше отворен во 25. минута кога Тео Ернандез имаше спектакуларен волеј од далечина, топката ја погоди стативата, а потоа од грбот на голманот Муса се одби и заврши во мрежата.
Аталанта не упати ниту еден шут кон голот на Милан во првото полувреме, тоа кажува многу за доминацијата на росонерите.
Во 86. минута Месиас по асистенција од Леао постигна гол за конечна победа од 2-0.
Златан Ибрахимовиќ во игра влезе во 74. минута од мечот. Tој стана најстариот играч на Милан во Серија А, сега има 41 година и 146 дена, претходниот рекорд го држеше Алесандро Костакурта кој последен пат играше на 41 година и 25 дена.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.