Шкупи не успеа да се качи на врвот, загуби од Силекс во Кратово

by
1 минути читање

Вчера Струга одигра само 1-1 против Македонија ЃП, па денеска Шкупи со победа во Кратово ќе станеше нов лидер, но тоа не се случи, чаирчани загубија од Силекс.

Силекс по првото полувреме имаше солидна предност од 2-0 со головите на Милосављевиќ и Ѓорѓиевски, во вториот дел Шкупи успеа само да намали преку Данфа.

Шкендија со гол на Чинари во 61. минута славеше со 1-0 против Победа. Со истиот резултат Брегалница победи на гостувањето кај Работнички благодарение на гол на Николов во четвртата минута.

Немаше погодоци на дуелот меѓу Скопје и Тиквеш. 

Академија Пандев беше слободна ова коло.

Резултати:

Силекс – Шкупи 2:1

Шкендија – Победа 1:0

Работнички – Брегалница 0:1

Скопје – Тиквеш 0:0

Вчера

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0:0

Слободна е Академија Пандев

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 39 (19 меча), Шкупи 37 (18), Шкендија 31 (18), Силекс 29 (18), Тиквеш 28 (19), Брегалница 25 (18), Македонија ЃП 21 (18), Работнички 21 (18), А. Пандев 15 (18), Победа 13 (18), Скопје 13 (18).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×