18-годишниот Алваро го спаси Реал од пораз во мадридското дерби (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Алваро Родригез го одигра својот втор меч за Реал Мадрид, во првиот имаше шанса, а вечерва даде гол кој засекогаш ќе го памети. Кралскиот клуб не успеа да го искористи домашниот терен и фактот што половина час играше со фудбалер помалку, не само што не победи, туку лесно можеше и да загуби.

Во 64. минута Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку откако Кореа заработи црвен картон.

Но и покрај тоа, тимот на Симеоне дојде во водство со гол на Хименез во 78. минута.

На пет минути до крајот, по асистенција од Лука Модриќ, Алваро Родригез даде гол за конечни 1-1.

Барселона утре гостува кај Алмерија и со победа може да ја зголеми предноста на врвот на десет бодови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×