Минатото лето,
Кристијано Роналдо се поврзуваше со многу клубови ширум Европа, еден од нив
беше Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ во
неколку наврати објаснија зошто не се решиле на една ваква зделка, а сега свое
видување даде и маркетинг директорот, кој сигурно ќе имаше голема корист од
присуството на Португалецот во тимот, кој има армија на навивачи и преку половина милијарда следбеници на социјалните мрежи.
„Вредноста на
Борусија Дортмунд не зависи од следбениците на социјалните мрежи. Ние сме
фудбалски клуб и тоа е најважната работа. Можеме да ги имаме најдобрите маркетинг
идеи, но џабе ни е сето тоа доколку дома загубиме од Фрајбург со 3-0“ – вели Карстен
Крамер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.