Челси ги прекинал преговорите со Маунт за нов договор

by
1 минути читање

Лондончани кои сезонава во два преодни рока фрлија преку 600 милиони евра, имаа неколку неуспешни обиди да ја продолжат соработката со офанзивниот фудбалер за врска, но Маунт сите ги одби незадоволен од финансиската понуда и сметајќи дека како англиски репрезентативец треба да биде еден од најплатените играчи на тимот.

Но, после катастрофалните резултати и со толку потрошени пари поради кои Челси виси за излез во Европа, а Лигата на шампионите станува сѐ понедостижна преку Премиерлигата, па освојување на „ушлето“ е можеби единствената шанса да се остане во европската елита, иако првиот меч со Борусија Дортмунд го загубија (0-1) во минатата недела.

Според Орнштајн, преговорите со Маунт се прекинати за да се сконцентрира тимот на Премиерлигата и Лигата на шампионите, па оставено е да се решава иднината на лето, дали ќе му го даде тоа што го бара на англискиот репрезентативец или ќе го продаде.

Од претходно е објавено дека Ливерпул е на готовс да го ангажира ако Челси се реши да се откаже од Маунт.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×