Тој стана клучен дел од составот на Јирген Клоп и вечерва се очекува да биде стартер на мечот против Реал Мадрид. Тоа ќе биде негов прв старт во Лигата на шампионите.
Таткото на Бајчетиќ, настапуваше за Селта, Стефан е таму роден, таму живеел и веројатно ќе ја одбере шпанската репрезентација, наместо српската.
Таткото на Бајчетиќ за шпанските медиуми откри дека имале контакт и со Манчестер јунајтед, а тоа било клучно за младиот фудбалер да потпише за Ливерпул.
„Скаути од Ливерпул го видоа и нѐ контактираа. Но Стефан сѐ уште беше дете, немаше ни 16 години. Не можеше да замине“, отркива Бајчетиќ постариот за Ел Мундо.
„Ливерпул ни рече дека тие не можат да го купат, и потоа се јавија од Манчестер јунајтед и ни рекоа дека тие можат. Ливерпул некако дозна за тоа и повторно ни се јави и потпишавме договор“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.