Повредата на Нејмар е сериозна, ќе може да оди на роденден кај сестра му!

by
1 минути читање

Француските медиуми кои се повикуваат на информации од ПСЖ, велат дека Нејмар го очекува пауза од еден месец, наводно има парцијално кинење на лигаментите на скочниот зглоб.

Клубот се уште нема објавено официјално колку време ќе биде отсутен Нејмар. Синоќа излегоа со соопштение во кое најавија дека за 48 часа ќе му бидат направени дополнителни снимки на Бразилецот.

„Првите снимки покажаа парцијално кинење на лигаментите на скочниот зглоб. Дополнителни прегледи ќе бидат направени неделава, но не изгледа добро за Нејмар и ПСЖ. Ова е силен удар за Кристоф Галтие, зашто мечот со Баерн секако ќе го прескокне“, објави „Ле Паризиен“.

Нејмар во овој период од годината секоја сезона е повреден или отсутен поради нешто. На 11 март е роденден на неговата сестра, а тој речиси никогаш не го пропушта. Фудбалот тогаш му е во втор план.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×