Клоп: Ако се фокусираме на Винисиус, тука е Бензема, ако се браниме од нив двајца, тука се Валверде или Родриго, ако…

by
1 минути читање

Ливерпул оваа сезона не блеска како во претходните, тимот на Јирген Клоп тешко дека во Премиерлигата може да дојде до местата кои водат во Лигата на шампионите, па сезоната можат да ја извадат со добар настап во Лигата на шампионите.

Но, тоа ќе биде исклучително тешко, уште на стартот на елиминациската фаза имаат мега противник, Реал Мадрид.

„Ние секогаш се обидуваме да ги сопреме додавањата до Винисиус, но ако се браните од него, тука е Бензема. Ако се браните од нив двајца, тука е Валверде или Родриго. Ако се браните од сите нив, тука се Крос, Модриќ или Чуамени кои можат да испукаат од 25 метри“, вели Јирген Клоп.

„И покрај тоа што се уште е млад, сигурен сум дека Винисиус ќе биде легенда на Реал Мадрид“.

„Треба да одиграме два супер натпревари. Доколку не играте на најдоброто ниво, немате шанси, но ако Реал Мадрид не одигра на најдоброто ниво, имате шанси. Тоа е разликата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×