На Христовски, Гостивар му е четврти клуб во тековната сезона, објавивме дека во изминатава сезона веќе имал регистрации за Тетекс, Силекс и Скопје, а од 25 јануари годинава официјално е заведен како фудбалер на Гостивар и со тоа се прекршени правилата за трансфер, статус и регистрација на играчи според правилникот на ФФМ, ама и интернационалниот прваилник на ФИФА.
Локомотива загуби од Гостивар со 0-1 на саботниот меч на кој Христовски играше како стартер.
Неофицијално дознаваме дека во текот на денот жалба за истиот случај ќе поднесат и Воска Спорт и Пелистер, другите два конкуренти во трката за Првата лига на актуелниот лидер Гостивар, а сите ќе бараат максимална казна според дисциплинскиот правилник, кој вели дека за неправилен настап на фудбалер мечот се губи службено со 0-3, а клубот се казнува со одземање на три до девет бода.
Ако ФФМ си ги следи правилата, Гостивар кој службено треба да го загуби мечот со Локомотива, би се вратил на 37 бода, колку што имаат и Воска и Вардар, а Пелистер е на 33, но гостиварци уште повеќе би настрадале во своите амбиции да играат во елитата со одземање на бодовите. Во случај, ФФМ да биде најстрог и да ги казни со девет бода, Гостивар би паднал со 28 бода на шестата позиција, два пред Охрид, а бод зад Детонит.
Службената победа за Локомотива, пак, ќе значи три бода на контото и вкупно 17, колку што има и Кожув, четири пред најблиските ривали во трката за опстанок, пред Каменица Саса и Слога Виница кои имаат по 13 бода досега.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.