Костакурта: Во моментов Наполи е посилен од Манчестер Сити и другите во ЛШ, но…

by
1 минути читање

Наполитанците играат брилијантна сезона во Серија А и се чини дека само прашање на време е кога ќе го заверат Скудетото, но тимот на Спалети беше одличен и во групната фаза од Лигата на шампионите која ја помина со пет победи од шест меча.

Утре Наполи му гостува на Ајнтрахт во првото осминафинале од Лигата на шампионите, а Костакурта вели дека тие може да сонуваат за највисоки цели бидејќи во моментов се во најдобра форма од сите.

„Во моментов, Наполи е посилен од Манчестер Сити и од сите други тимови. Англиските тимови се борат на два фронта, во Премиерлигата и Лигата на шампионите, што некогаш може да им биде проблем“, вели Костакурта.

„Мора да се каже и дека најсилните тимови во Европа се уште не покажале многу од силата во нивните лиги. Затоа сум уверен дека во овој момент Наполи има таков однос што може легитимно да цели високо“.

„Сега можат да ги победат сите, но за два месеци кога фудбалерите во другите клубови ќе се разбудат, не знам. Ќе видиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×