ПСЖ загуби на првиот натпревар против Баерн во осминафиналето во Лигата на шампионите, а по крајот на пресметката, Килијан Мбапе порача дека можат да победат на гостувањето во Минхен но за тоа да се случи, сите треба да спијат добро и да јадат добро.
Многумина ова го протолкуваа како зајадлив коментар кон Нејмар, кој често е обвинуван дека не води здрав живот и често се забавува. Веќе следниот ден ова се покажа на дело, Бразилецот настапи на покер турнир и јадеше во Мекдоналдс.
Сепак, Килијан Мбапе сега појасни дека пораката била за целиот тим, а не директно за Нејмар.
„Видов дека луѓето зборуваат за Нејмар, дека сум го „пецнал“. Но тоа не е така, во овој момент најмалку ни требаат вакви работи. Едноставно упатив совет до сите. Кога сите играчи се на располагање, и подготвени да го дадат максимумот, на противниците им е многу тешко против нас“ – рече Килијан Мбапе по синоќешната победа над Лил.
Французинот потоа се огласи на социјалните мрежи и му посака на Нејмар брзо опоравување по незгодната повреда.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.