Откако Мурињо е на клупата на Рома, речиси сите натпревари досега беа распродадени, така беше и вчера, Олимпико беше полн. Но од време на време од трибините се слушаа свирежи кон фудбалерите на Рома.
Во изјавите по натпреварот Мурињо го потенцираше тоа, вели стадионот и да е распродаден, ако навивачите наместо да даваат поддршка, свиркаат кон фудбалерите, тоа може да биде само контра-ефект.
„Кога стадионот е распродаден како против Бодо/Глимт, тогаш стадионот може да ни ја донесе победата. Но кога е распродаден како денес, тогаш може да ни нанесе штета. Гледачите почнаа да свиркаа по 15-30 минути за погрешно додавање. Тие не разбираат што правиме ние тука“, вели Мурињо.
„Кажав на Рома ТВ, кога навивачите го гледаат нашиот десен бек, тоа не е Кафу или Мајкон. Ако јас сум фан на Рома, јас ќе го носам Бове на моите рамења бидејќи тој е поголем фан отколку што се тие. Кога дојдов, тој требаше да замине на позајмица во тим од Серија Ц, а сега старуваше за Рома“.
„Генерално не помагаат ниту медиумите. Другите се феноменални, а ние победуваме поради тоа што имаме среќа или од прекини. Јас сум стар, имам 60 години и сум освоил многу, не ми требаат убави зборови за мене. Но на овие момци им требаат убави зборови. Им требаат пофалби“.
„Не сум тука да критикувам некој, фановите треба да ме критикуваат мене како тренер, но јас треба да ги заштитам моите момци и тие заслужуваат повеќе“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.