Рашфорд оваа сезона има 24 голови и осум асистенции во сите натпреварувања, а нема индиции дека ќе запре, напротив како од натпревар во натпревар да е посигурен и подобар.
Неговиот актуелен договор со Манчестер јунајтед е до јуни 2024 година, па доколку не потпише нов, од следната сезона ќе има право да преговара и со други клубови.
„Нов договор за Рашфорд е наш приоритет. Работиме на тоа, во позадина напорно се работи на тоа. Треба да го задржиме Рашфорд“, вели Ерик тен Хаг.
„Првиот ден кога го видов му реков: „Сакам да ја гледам твојата насмевка!“, тој е на среќно место сега“.
Се верува дека договорот кој Јунајтед му го подготвува на Рашфорд ќе биде голем, тој треба да стане еден од најплатените играчи во тимот, ако не и најплатениот. Во спротивно клубот ќе ризикува да го загуби бидејќи интерес за Англичанецот има и од другите гиганти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.