Пред вчерашната победа против Лил која ја остварија во 95. минута, ПСЖ имаше серија од три порази по ред. Меѓу нив и загубениот дуел на свој терен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.
Голема е веројатноста Галтие да добие шанса да го води ПСЖ и на реваншот против Баерн Минхен, а потоа врз основа на резултатот да му се суди. Ако бидат елиминирани ќе добие отказ, ако продолжат, ќе си го продолжи и престојот во ПСЖ за некое време.
Раководството на ПСЖ веќе ги разгледува опциите за наследник на Галтие, три големи имиња се во игра, Зинедин Зидан, Томас Тухел и Жозе Мурињо. Сите тројца ја имаат освојувано Лигата на шампионите која е толку посакувана во францускиот клуб.
Се чини дека Зидан е прва желба на ПСЖ, а и тој неодамна рече дека сака да му се врати на фудбалот.
Втора опција е враќање на Томас Тухел за кое се пишуваше синоќа. Тој веднаш откако си замина од ПСЖ ја освои Лигата на шампионите со Челси и покажа дека е тренер за големи работи.
За разлика од Зидан и Тухел кои се слободни во моментов и веднаш би можеле да седнат на столчето на ПСЖ, ситуацијата на Жозе Мурињо не е таква, тој е тренер на Рома и има договор со клубот до јуни 2024 година. И да одлучи да замине од таму, сигурно тоа нема да се случи пред крајот на оваа сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.