Ибрахимовиќ: Се уште не сум стигнал до зацртаната цел за постигнати голови оваа сезона

by
1 минути читање

35-годишниот Ибрахимовиќ стана првиот играч на Манчестер јунајтед кој стигнал до границата од 20 голови по заминувањето на Сер Алекс Фергусон од тренерската позиција, последен кој го направи тоа беше Робин ван Перси со 30 погодоци.

„Си имам поставено цел во мојата глава, но се уште нема да кажам колку е. Се уште не сум стигнал до таму“ – вели Ибрахимовиќ.

„Тоа го правам секоја година, не е ништо ново за мене. Имам 20 голови и седум асистенции, па статистиката досега е слична како и секоја моја година со исклучок на минатата бидејќи таа беше луда“.

„Се уште играм во најдобра форма и имам голема помош од моите соиграчи. Знам дека многу луѓе велеа дека нема ни 20 гола да дадам, ама не ме интересира тоа“.

„Мојата главна цел е да му помогнам на тимот да победува, да го давам најдоброто и ќе видиме што ќе се случи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани