Силвестри прв пат одбрани пенал во кариерата па ВАР му ја спречи радоста, Интер го совлада Удинезе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По фрустрирачкото
реми против Сампдорија, избраниците на Инзаги ги освоија трите бода во
пресметката со Удинезе. По повеќе од година ипол, Ромелу Лукаку постигна гол на
„Џузепе Меаца“.

Напаѓачот од
белата точка во прв момент погреши, голманот Силвестри за прв пат во својата кариера
одбрани пенал во Серија А, но ВАР му ја спречи радоста, ударот од белата точка беше
поновен а фудбалерот од Белгија беше прецизен во вториот обид и донесе 1-0.

Сепак, пред
финишот на првиот дел Ловриќ реализираше за 1-1 и ги стави на мака
„нероаѕурите“.

Но во второто
полувреме, Интер го подигна нивото на игра, Мхитарјан убаво погоди од врвот на
шеснаесетникот за 2-1 во 73. минута за во финишот од мечот Лаутаро Мартинез да
ги постави конечните 3-1 и да ги обезбеди трите бода.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×