Сити киксна против Нотингем, Саутемптон го шокираше Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити го победи Арсенал на негов терен, но не успеа такво нешто да направи и денеска на гостувањето кај Нотингем форест. Халанд се изнапромашува.

Тимот на Гвардиола водеше од 41. минута со погодок на Бернанрдо Силва. Таквата предност траеше долго, но не и до крајот на мечот. Во 84. минута Вуд постигна гол за конечни 1-1.

Челси продолжува да ниже лоши резултати во Премиерлигата иако во јануарскиот преоден рок инвестираше многу пари. Денеска загуби од Саутемптон кој е на последното место на табелата.

Ворд-Праус во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол од слободен удар кој беше единствен на мечот, Саутемптон победи со 1-0.

Во финишот од мечот Аспиликуета заработи тешка повреда на главата, беше и безознание, откако долго време му беше укажувана помош на теренот, беше однесен во болница.

Евертон под водство на Дајч, го крена нивото и запиша нова победа, го совладаа Лидс со 1-0 со гол на Колман.

Со 1-0 заблежа победа и Борнмут на гостувањето кај Вулвс, а на таков начин целиот плен го освои и Фулам кај Брајтон. Брентфорд и Кристал Палас одиграа нерешено 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×