Мурињо почнал преговори со ПСЖ

by
1 минути читање

Францускиот новинар, Санти Ауона тврди дека почнале преговори меѓу спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Наводно, Мурињо е фрустриран од последните случувања во Рим, тој нема доволно силен тим за да атакува на трофеи, а тоа ќе се обиде да го искористи ПСЖ.

Сепак, преговорите се во рана фаза и нејасно е како ќе завршат. Официјалниот став на Мурињо е дека сака да остане во Рома, тој одби неколку понуди за да биде селектор, особено упорна беше Португалија.

Француските медиуми напоменуваат и дека прва желба на раководството на ПСЖ е Зинедин Зидан кој најави дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.

Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година, па ПСЖ ако го сака Португалецот ќе мора да преговара и со италијанскиот клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×