Дури шест од осум натпревари во Конференциската лига завршија со резултатот од 1-0. На дуелот меѓу Бодо/Глимт и Лех немаше погодоци, а Фиорентина со 4-0 славеше гостинска победа кај Брага.
Иван Тричковски беше стартер за АЕК Ларнака, а неговиот тим со гол во финишот го победи Днипро со 1-0.
Партизан со гол на Гомез во финишот од првото полувреме дојде до триумф на гостувањето кај Шериф.
Лацио на Олимпико со погодок на Имобиле во 45. минута го победи Клуж. Италијанскиот тим од 15. минута играше со фудбалер помалку откако Петриќ заработи црвен картон.
Трабзонспор со 1-0 го победи Базел, Барди од клупата го гледаше овој дуел. Лудогорец со истиот резултат беше подобар од Андерлехт. Карабаг славеше над Гент со 1-0.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.