Во фудбалска
Шпанија топ тема е „Барсагејт“ односно информациите дека „каталонците“ му
исплатиле речиси 1,4 милиони евра на потпретседателот на судискиот комитет,
Енрикез Негреира во период од 2016 до 2018 година.
Но услугите всушност
биле користени од 2003 година, а крај на соработката ставил Жозеп Мариа
Бартомеу во 2018.
Симптоматично e тоа што договорот бил прекинат баш кога Енрикез Негреира престанал да ја извршува функцијата
потпретседател на Енрикез Негреира.
Многумина ваквиот
развој на настаните го разбираат како купување на наклонетост на судиите, нешто
што од Камп Ноу категорично го негираат.
„Погрешно и
апсурдно е да се мисли дека сме ги купиле судиите“ – вели Жозеп Мариа Бартомеу.
„Извештаите за
кои плаќавме навистина постојат, ни беа доставувани пред секој натпревар и во
нив имаше многу информации за судијата кој делеше правда. На тренерите и
играчите им беа од голема корист“.
„Доколку навистина сме имале влијание врз судиите, зарем мислите
дека ќе ни го поништеа голот против Атлетико во последното коло кога ја загубивме
титулата?“
„Можам да ви дадам уште еден
куп примере каде бевме оштетени“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.