Гвардиола се правеше паметен и го стави Силва како лев бек па си призна: Тактиката ми беше ужасна!

by
1 минути читање

Манчестер Сити
синоќа славеше со 1-3 на гостувањето кај Арсенал, до трите бода стигна откако
значително го подигна нивото во второто полувреме. По крајот на натпреварот,
Пеп Гвардиола призна дека тој направил голема грешка со одлуката да го игра Бернардо Силва
како лев бек и затоа „граѓаните“ се мачеле во првите 45 минути.

„Во второто
полувреме бевме многу подобри, второто полувреме беше одлично“
– вели тренерот
на Сити.

„Во првото
полувреме проблем беше мојата тактика, одлучив да играме нешто ново и тактиката беше ужасна. Во второто полувреме повеќе личевме на самите себе“.

„Се мачевме да го
контролираме натпреварот во првиот дел, затоа толку многу страдавме и Арсенал
беше далеку подобар“.

„Но на полувремето
направивме промена во тактиката, па во продолжението имавме поголема контрола
на топката и игравме повеќе“
.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×