Агуеро и следната сезона би можел да носи син дрес, но со потемна нијанса

by
1 минути читање

Брзо се менуваат работите во фудбалот, само до пред неколку недели Агуеро беше главен играч на Манчестер Сити, а сега е на клупата за резервни играчи.

Новото засилување, Габриел Жесус има одличен старт на кариерата во Премиерлигата и се чини дека му го зема местото на Агуеро кој втор натпревар по ред е на клупата.

Враќање во Мадрид е една од опциите на Агуеро за следната сезона, Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис од шпанските екипи, а интерес има и од неговиот поранешен клуб, Атлетико Мадрид.

Но, последните информации од Англија велат дека и Челси се приклучува во трката по Аргентинецот. Конте сака токму Агуеро да биде замена за Диего Коста кој ќе се пресели во Кина.

Се верува дека цената за Агуеро изнесува 75 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани