Барселона денеска
беше вмешана во голем скандал, клубот од Камп Ноу исплатил
речиси 1,4 милиони евра на поранешниот потпретседател на судискиот комитет,
Енрикез Негреира.
Даночните власти
ја чешлале документацијата на компанијата ДАСНИЛ 95 СЛ, која добивала пари од
Барселона во периодот од 2016 и 2018 и е во сопственост на Енрикез Негреира, и
така се дозна за скандалот.

Енрикез Негреира веќе
сведочел пред даночните власти и во нивниот извештај стои дека поранешниот
потпретседател на судискиот комитет кажал дека Барселона му плаќала за совети,
односно „каталонците“ сакале да се осигураат дека судиските одлуки нема да
бидат против нив, дека „тие ќе бидат неутрални“.
Исто така, Енрикез Негреира не можел да обезбеди никакви документи за услугите кои и ги обезбедил
на Барселона, се правдал дека нема документација бидејќи негова работа била да
дава вербални совети за тоа како играчите треба да се однесуваат пред секој
судија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.