Гвардиола провоцира: Ние да не сме виновни што Џерард се лизна?

by
1 минути читање

Премиерлигата го
обвини Манчестер Сити дека повеќе од 100 пати ги прекршил правилата за
Финасиски фер-плеј, па доколку се докаже вина, „граѓаните“ ќе бидат казнети.

Ривалите секако
ја бараат најстрогата казна, односно исфрлање од Премиерлигата, па дури и
испраќање во пониските лиги.

Многумина пак
сметаат дека на Манчестер Сити треба да му бидат одземени и титулите, што не
помина добро кај Пеп Гвардиола, кој на средбата со новинарите жестоко ги бранеше
позициите на неговиот клуб.

Во еден момент
стратегот испрати провокација и потсети на фамозното лизгање на Стивен Џерард.

„Без разлика
каква ќе биде пресудата, успесите ни се заслужени, титулите ни припаѓаат нам“
– вели Пеп Гвардиола.

„Ние да не сме виновни
што Џерард се лизна? Видете, имам голема почит кон Џерард, но зарем тоа беше
наша вина?“

Во сезоната
2013/14, Ливерпул беше на добар пат да стане шампион на Англија, но сонот се
распадна во финишот. На дуелот против Челси, се случи фамозното лизгање на Стивен
Џерард и „сините“ победија со 0-2 на Енфилд.

Потоа следеше
уште еден кикс, Ливерпул водеше 3-0 против Кристал Палас за на крајот
натпреварот да заврши 3-3, па Манчестер Сити ја освои својата втора титула во
Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×