Спринтот на младата ѕвезда на Аталанта против Лацио за кој зборуваат сите во Италија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аталанта синоќа
со 0-2 славеше на гостувањето кај Лацио, Запакоста со прекрасен гол го отвори
резултатот, за во 65. минута Хојлунд да ги осигура три бода за „нероаѕурите“ од
Бергамо.

При резултат 0-1,
на почетокот од второто полувреме, Хојлунд можеше да постигне гол за кој долго
време ќе се зборуваше. 20 годишниот напаѓач покажа завидни физички предиспозиции,
почна да трча од својот шеснаесетник, како брз воз помина покрај неколку
противници и излезе сам пред голот на Лацио, но голманот го спречи.

Сепак, момчето од
Данска ги воодушеви фудбалските љубители со својот спринт и стана топ тема на
социјалните мрежи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×