По преселбата во
ПСЖ, Нејмар како дом одбра луксузна вила во Буживал, градче одалечено на 15
километри од Париз.
На жителите во
прв момент им беше интересно за сосед да го имаат најскапиот фудбалер во
светот, но Бразилецот сега им оди на нерви со лудите забави до раните утрински
часови.
Градоначалникот
на Буживал, кој живее во близина на Нејмар, го опишува фудбалерот како
„индивидуа која нема почит кон никого“ а за забавите вели дека се „не е само
вревата во позадина, ти се неверојатно иритирачки“.
Последната забава
била на 5. февруари, кога Нејмар го прославил 31-виот роденден, соседите во
неколку наврати викнале полиција. Но тоа нема никаков ефект, бидејќи Бразилецот
ја плаќа глобата и продолжува да се журка.
„Го казнуваме, но
што му менува парична глоба од 135 евра на некој кој заработува неколку
десетици милиони?“ – вели Лук Ватељ, кој размислува да го пријави Бразилецот
до јавното обвинителство за постојано нарушување на јавниот ред и мир.
Градоначалникот
исто така открива дека нема никаков дијалог со Нејмар.
„Никогаш не сме го
виделе. На пример, жално е што никогаш не се појавил на некој од терените во
Буживал и да поигра фудбал со младите, а шест години живее тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.